23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ВИТНИ ХЈУСТОН БИЛА БИСЕКСУАЛНА – ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА СОПРУГОТ НА ПОЧИНАТАТА ДИВА (фото)

Бившиот маж на Витни Хјустон изнел шокантни тврдења за славната пејачка. Тој изјавил дека Витни била бисексуалка и дека била во врска со Робин Крафорд. Оваа љубов имала несреќен крај и тој смета дека тоа бил еден од факторите кој ја довеле Витни до трагичен крај.

Боби Браун моментално промовира своја автобиографија “Every Little Step”, а во новото интервју потврдил дека меѓу Витни и Робин постоело нешто повеќе од пријателство.

– Јас ја знам вистината. Бевме во брак 14 години и таа се ми раскажа – рекол тој.

Витни со години ги негирала гласините дека е бисексуалка и дека е во врска со Робин, која ја запознала уште во Њу Џерси, пред да стане славна.

Пејачката тогаш имала 16 години, а Робин 19. Тие две со тек на време станале неразделни. Биле цимерки, па поради тоа се зборувало дека се повеќе од пријателки. Робин подоцна станала асистентка на Витни и креативен директор, каде што често се појавувала на јавни настани. Тоа го забележале и медиумите, со што гласините за нивната врска се прошириле. И двете тоа го демантирале.

– Луѓето изнесуваат разни заклучоци кога ќе ме видат со Робин. Зошто тоа го интересира било кој? Нека зборуваат. Тоа не ми пречи, бидејќи знам дека не сум геј – рекла Витни во едно интервју.
Но, набрзо откако Витни се омажила за Боби Браун 1992 година, а Крафорд и била кума на венчање, тие две почнале да се одалечуваат.

После смрта на Витни, нејзината мајка Сиси Хјустон изјавила дека не и дозволувала на керкаси блиска врска со Робин. Браун тврди дека тоа влијаело за трагичниот крај на Витни.

– Навистина мислам дека Витни ќе беше суште жива денес, да била прифатена Робин во нејзиниот живот – рекол пејачот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести