7 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

УБАВА ВЕСТ: Популарните Онур и Шехерезад ќе станат родители по трет пат

Една убава вест за љубителите на турските серии, особено за фановите на култната „1001 ноќ“ и нејзините јунаци Онур и Шехерзад. Имено, актерите Бергузар Корел и Халит Ергенч објавија дека ќе станат родители по трет пат.

-По три години отсуство од екранот, дознав дека сум бремена додека се подготвував за улогата во ТВ-серијата „Kanlı Yayın“, за која вредно се подготвувавме со месеци. Иако бременоста не ме спречи да го продолжам проектот, моравме да го одложиме снимањето на кое работевме со месеци, поради физичките промени што не беа соодветни за мојот лик. Не ми е лесно да се збогувам со овој проект на кој работев со одлични луѓе. Би сакала да им се заблагодарам на сите мои колеги, од кои научив многу и поминав низ прекрасниот процес на креирање на овој проект. Сакам нашите патишта повторно да се вкрстат во здрави денови, напишала на својот Инстаграм-профил убавата актерка.
Бергузар и Халит се родители на две момчиња, а верните обожаватели сега им посакуваат девојче.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести