11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Еве што му прави нередовниот се*с на телото

Редовниот сексуален живот има многу предности, а недостатокот веќе е докажано дека го уништува здравјето. Еве неколку последици по телото и психата, кои се јавуваат кога ќе останете без секс:

Чувство на бескорисност

Најлошото чувство на светот е кога ќе сфатите дека никому не му требате, а тоа се случува ако немате интимни моменти со вашиот сакан. Ќе се чувствувате депресивно и тажно. Спротивно на тоа, редовните секс е одличен лек за депресија и стрес.

Чудни соништа

Отсуството на секс доведува до опсесивни соништа и фантазии поврзани со секс или оргазам.

Потешко се будите

Без задоволство, ќе се чувствувате мрзливи и депресивни. Нема да сакате да станете од кревет. Мажите ќе имаат проблем со ејакулација заедно со мала желба за секс, додека жените ќе имаат проблеми со оргазам.

Зголемување на нивото на стрес 

Сексот е еден од најдобрите лекови против стрес. Активниот сексуален живот помага во намалување на нивото на хормонот на стресот во вашето тело.

Проблеми во врската или бракот

Нормалниот семеен живот не е можен без секс. Според истражувањето, ова е една од главните причини за развод. Кога ретко имате секс со сопругата, се дистанцирате едни од други и барате привлечност на друго место.

Ја губите желбата за секс

Сексуалниот нагон исчезнува. Ако долго време немате секс, тоа значи дека не ги стимулирате половите органи, што доведува до намалување на половите хормони и намалување на сексуалната желба.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести