9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ПЕЈАЧКАТА СЕЛМА ПОМИНА НИЗ ПЕКОЛ: Сопругот ја избркал на улица со два куфери и дете,а потоа и го ЗАГОРЧИЛ ЖИВОТОТ

Малкумина знаат дека пејачката Селма Бајрами дека помина низ вистински пекол со нејзиниот сопруг  за што не сака да зборува.

Селма го запозна својот втор сопруг Мујо Мусиќ во јули 2011 година на еден нејзин настап, па се омажи за него истата година. Двајцата се разведоа во октомври 2014 година, а се шпекулираше дека тој ја изневерил за време на бракот и тоа со девојка која работи како придружба и со која тој по разводот наводно продолжил да живее.

– Наскоро по венчавката, мислев дека целата среќа е на моја страна, но јас и сопругот сфативме дека не сме еден за друг и решивме да се разведеме за да може нашиот син Дарис да порасне во дом без кавги. Полесно беше да се испланира отколку да се стори, па останав со двегодишно дете и два куфера пред вратата – рече Селма Бајрами.

Селма беше целосно сама во тешки моменти, не знаеше доволно германски јазик, немаше ниту пари затоа што не работеше, но набрзо успеа да најде стан и се запиша на курс. Таа се обиде да има нормална комуникација со нејзиниот сопруг, но тој реши да и го одземе детето.

– Поминав низ страшна агонија. Дарис беше мал, но чувствуваше дека нешто се случува, не му беше јасно зошто повеќе не бевме заедно. Почна да се повлекува и да зборува тешко. Го однесовме кај психолог и за среќа беше утврдено дека тој има бариера поради двата јазика –рече Селма.

Исто така, истакна дека повеќе не може да ги поднесе тужбите од сопругот со цел да и го одземе детето, па решила да контактира со Агенцијата за заштита на жени во Виена.

– Пред некој ден, социјалната служба повторно дојде пред мојата врата. Тој измислува нешто нон-стоп, како го оставам детето, како го занемарувам … Кога сум на настап, тој е во сигурни раце, мајка ми се грижи за него. Аплицирав во агенција за заштита на жени, бидејќи веќе не знам како да се бранам од него, постојано ме влечат низ судовите заради неговите неосновани тужби, тој постојано ми праќа социјални услуги, веќе не можам да го толерирам тоа, рече таа и додаде:

– Навистина е пекол, но вие не можете да го видите во мене, јас секогаш сум насмеана и само туркам напред. Ќе им докажам на своите непријатели дека можам да се справам со сите неволји, успехот е нивна најголема казна – рече фолкерката

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести