11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ЕКСКЛУЗИВНО: УАПСЕН КРАСИМИР КАРАКАЧАНОВ ВО БЕРОВО! (фото)

Медиа.мк ексклузивно дознава дека предмалку е уапсен Претседателот на ВМРО-БНД и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во Берово.

Според информациите до кои дојдовме уапсен е со асистенција на специјалната антитерористичка единица “Тигар” под сомнение за сторено кривично дело “непријателска дејност”. Во моментот на приведувањето со него биле членови на неговото обезбедување, и домашното милениче кое се одзивало на името Ангел Джамбазки. Истите не давале отпор за време на приведувањето и во моментов со голема полициска придружба се спроведуваат во Основниот суд Скопје 1, на распит кај судија на предходна постапка.

Како што дознаваме, Каракачанов доцна вечерва се обидел да изеде еден дел од Македонија, со што според неговите проценки би се промовирал триумфално пред изборите во Бугарија.

Во меѓувреме, бугарската новинска агенција БГНЕС објави соопштение од генералштабот на бугарската армија, во кое, меѓудрогото се вели : “Бугарскиот Претседател и Врховен командант на вооружените сили на Бугарија, го овласти генералштабот на армијата да испрати воена механизирана бригада кон границата со Македонија”
Бугарска војска даде ултиматум до 2 Април Каракачанов да биде ослободен, а до тогаш уживајте во првоаприлските шеги со медиа.мк

Медиа.мк ексклузивно дознава дека денес е први април, денот кога шегата е задолжителна.

Априлили !

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести