8.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Мицкоски ги “превесла” граѓаните што се потпишуваа против Законот за попис

„Сакам да се заблагодарам на преку 100 000 граѓани на Македонија, од сите краишта на Македонија, од сите градови и села кои во само една недела се потпишаа на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот“, напиша на својот фејсбук профил потпретседателот Александар Николовски кој безрезервно ги следи насоките на претседателот Христијан Мицкоски.
Под текстот Николоски постираше фото вест дека токму тие потписи и добрата стратегија на ВМРО-ДПМНЕ го натерале Зоран Заев да го одложи пописот.

Пред повеќе од месец дена, кога ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваше граѓаните да се потпишат, повикот не беше за одложување.
„Граѓанска иницијатива за закон за поништување на Законот за попис. Стави го твојот потпис за вистински попис“ гласеше тогашниот повик.

Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ја препознаа недоследноста на Мицкоски и почнаа да се шегуваат со прогласувањето триумф по одложувањето на пописот, бидејќи првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ престана да ја споменува методологијата и поништувањето на законот кој го карактеризираше како лош и политички.
„На 5 Септември во Музејот на ВМРО се отвара спомен соба на собраните потписи“ се вели во еден од коментарите на фејсбук.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести