16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР!? СНИМКИТЕ ОД НАПАДНАТИОТ НОВИНАР КЛУЧНИ ДОКАЗИ (фото)

Трето основно јавно обвинителство во Белград поднело до судот обвинителен предлог против пејачката Јелена Карлеуша поради напад и навреди на фотограф на “Курир“, пред две години, додека бил на работна задача.

На Карлеуша на товар и се става кривично дело злоствувањр и мачење за кое и следи казна затвор до една година. Пејачката фотографот го нападнала на Нови бежаниски гробишта, во јули 2019. година додека ја вршел својата работа на јавно место – јавила Србија Денес.

Како што тогаш е јавено, Јелена физички го нападнала, го плукала и го навредувала.

По овој повод се јавила пејачката на социјалната мрежа Фејсбук.

– Непознато е како фотографот и неговиот возач воопшто преживеале такво “мачење и злоствување“!? Имено, тие не само што ја “работеле својата работа“ на гробишта и ја сликале оваа “опасна жена“ додека го чисти гробот на својата мајка… Двајца згодни и незаштитени мажи никогаш не треба да шетаат сами по гробишта и да сликаат, бидејќи се може да им се случи! На приимер, мачење и злоствување, а не е исклучено и силување – напишала Карлеуша покрај видеото од денешните вести во кои се зборува на оваа тема.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести