2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВОДИТЕЛКАТА НА ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД НАПАДНАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ (фото)

Не многу потресена, детално објаснила како изгледа вон камерите и каков живот води.

Водителката на “Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет прозборела за тајниот фенименален изглед.
Иако многумина мислат дека е на строг режим на исхрана, убавата водителка открива кој е заслужен за нејзината совршена линија.

– Па три мажи во домот, спорт, спорт и само спорт. Неможам да одам да играм балет. Мислам, можем и тоа, но морам да им се приклучам. Утре сите ќе одат на свои тренинзи, а јас несакам да останам дома и да им ги перам чорапите – рекла Сања.

Познато е дека Сања приватно не се шминка и дека сака комотна облека. Меѓутоа, неодамна била мета на напад кога закачила фотка без шминка поради што социјалните мрежи се вжештиле, а сега им порачува:

– Мене тоа ми е супер. Знаеш зошто ми е супер? Бидејќи окото ми сјае, и додека го има тој сјај во моето око јас ќе бидам среќна жена. Нека го толкуваат тоа и понатами како што сакаат. Немам ништо против и за брчки, и тоа што немам воопшто шминка на висина од 2.000 метри. Мислам, заминав да се скијам со семејството. Што се прави на таа височина? Воопшто не сум тип на жена која оди на маникир па навраќа да додаде ботокс, па кога ќе заврши со маникит оди на масажа, па после масажа да ги топи мастите или било што друго. Мислам, воопшто не го живеам тој живот. Ако ме прашате мене, ова е потполно нормална, реална слика кога жена со 37 години со своето семејство оди да скија. Јас незнам како имав време и за ова селфи – заклучила водителката.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести