8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

“Те сакаме тато и засекогаш ќе ни недостасуваш” – Се прости синот на Зафир Хаџиманов

Синот на Зафир Хаџиманов, Васил, се огласи по смртта на татка си и со емотивно обраќање им се заблагодари на сите кои се простија од легендарниот македонскиот уметник кој почина од последици на Ковид-19 во Белград.

-Денеска почина мојот татко Зафир. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа ужасна болест. Позади себе остави вистинското богатство, од песните што така мајсторски лесно ги интерпретираше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, книги поезија и проза, па се’ до неповторливите улоги во театар и на филм. Но, пред и над сè, на своето семејство и на најблиските секогаш несебично им ја даваше својата неизмерна љубов, внимание и поддршка. Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде во секоја ситуација и да остане на нозе, енергијата се’ што работи секогаш да го прави тоа со целото свое битие, а притоа и истовремено да биде врвен шмекер.. Тоа мора да се памети. Да се памети и да се почитува! Те сакаме тато и засекогаш ќе ни недостасуваш! – напиша Васил на „Фејсбук“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести