10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Мицевски: Граѓаните сакаат вакцини и целосна имунизација

Во вчерашното издание на дебатната емисија “Отворено” на ТВ24 гостуваше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во државата, нефункционалното Собрание, како и идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ.

Република Македонија се соочува со светска здравствена пандемија која што секојдневно одзема човечки животи, а бројот на заболени галопирачки расте. Таквите бројки укажуваат на фактот дека земјата се уште се соочува со коронавирусот и главен проблем кој мора да се реши е токму тоа, а не пописот кој власта сака да го спроведе, вели Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе голем број на амандмани во однос на законот на попис, потоа собра и 100.000 потписи низ целата држава, но власта нема слух за барањата на опозицијата, односно на граѓаните. На граѓаните им е најважно здравјето, бидејќи многу семејства се соочуваат со корона вирусот и пописот е тотално непожелен во овој момент, додаде Мицевски

“Република Македонија се соочува со страшни и поразителни бројки на заболени и починати од Ковид-19. Власта наместо да форсира попис, треба да набави вакцини и граѓаните да се имунизираат, а не да се форсира попис во период кога луѓето се затворени дома и избегнуваат контакт. Пописот треба да се одржи во некое понормално време, кога истиот нема да претставува опасност за граѓаните. Засега, пописот е сосема непотребен и згора на тоа влијае врз здравствената ситуација во земјата”, вели Мицевски.

Граѓаните се незадоволни од власта бидејќи додека граѓаните од соседните земји се вакцинираат и полека излегуваат од своите домови, граѓаните на Република Македонија се уште немаат вакцини и не знаат ни воопшто дали ќе ги има, бидејќи според досегашните искуства, Владата манипулира и лаже во однос на вакцините, додаде Мицевски.

Власта нека се фокусира кон набавката на вакцините, наместо да планира провизии. Граѓаните ќе се попишат тогаш кога тоа ќе биде нормално, а од спроведувањето на пописот никој нема има здравствени последици. ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за одложување на пописот до некое подобро време, бидејќи моменталното туркање на пописот не доликува на земја која што сака да функционира според европските вредности, заврши Мицевски.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести