20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СДСМ: Пописот е важен за идниот развој на државата, бојкотот е кривично дело

Прес-конференција, Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

По скоро 19 години државата спроведува попис согласно стандардите на Евростат и Обединетите нации.

Преку оваа најмасовна и најсложена операција кончено, ќе добиеме релевантни, сеопфатни податоци кои ќе ги дадат правците за креирање ефикасни јавни политики за развој.

Со податоците од пописот добиваме патокази за остварување на одржливи политики кои во себе носат економска, социјална и образовна димензија.

Сето ова е важно за идниот развој на нашата држава.

Пописот е најважна државничка работа и затоа е особено важно сите граѓани да учествуваат во него. Со учество на пописот секој поединец придонесува кон градење држава базирана на податоци, а не на претпоставки.

Пописот е граѓанска обврска утврдена со закон. Учеството во пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин кон државата.

Истовремено, тече процесот на попишување на нерезидентното население, односно на нашите иселеници во дијаспората.

Досега 137.111 македонски државјани во странство се самопопишале преку веб апликацијата, а процесот на самопопишшување ќе трае до 21 април.

За поздравување е тоа што се зголемува интересот за попишување во дијаспората и очекуваме дека ова темпо ќе продолжи и во следниот период.

Сите од нашата дијаспора, од сите краеви на светот, да се приклучат кон овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе во странство.

Почитувани,

Обидите за бојкот, за минирање на пописот не се само незаконски, тие се антидржавни.

Повиците за бојкот и одлагање на пописот што често ги слушаме од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица се повици за пропаѓање на пописот. Тоа се антидржавни ставови кои не носат ништо добро, создаваат конфузија меѓу граѓаните и носат сериозна штета за државата. Бојкотот на пописот е кривично дело.

Крајно време е да покажеме зрелост, одговорност и да му се придружиме на светот. Да не бидеме црна дупка на статистичката мапа и по цели 19 години да спроведеме попис согласно сите меѓународни стандарди.

Секој од нас е повеќе од бројка, секој од нас треба да учествува во пописот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести