10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

РАМА: Косово и Албанија се едно

Албанскиот премиер Еди Рама од северниот албански град Кукс каде денеска започна вакцинацијата на здравствените работници на Косово, изјави дека Косово и Албанија се едно, што за албанските медиуми е силен одговор до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописничката на МИА од Тирана.

-Добредојдовте и искрено се чувствувам многу добро. Започнавме со 500. Нема да ве оставиме таму сами, бидејќи на крајот на краиштата ние сме едно. Фактот што вакцинацијата се одвива во Кукс е поради тоа што компаниите не дозволуваат да изнесеме вакцини надвор. Кукс припаѓа и на Албанија и на Косово. Нека тој пријател во Белград објавува мапи и си игра на Фејсбук, ние сме едно и така ќе продолжиме до крај. На здравје, изјави Рама.

Оваа изјава доаѓа по Инстаграм објавата на српскиот претседател Александар Вучиќ кој објави мапа на Косово со знаме на Србија, по повод годишнината од насилството во Косово, што се случи на 17 март 2004 година.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести