8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

СТРАШНО: Седум луѓе завршија во болница поради труење од гас во стан во Загреб

Седум странски државјани се наоѓаат во болница откако во станот во кој биле во Загреб истекол гас. За настанот известила Градската канцеларија за управување со вонредни состојби.

Во соопштението стои дека пожарникарите добиле повик од полицијата во саботата околу 23 часот и 45 минути за да помогнат во отворање на стан во кој истекувало плин од бојлерот, пишува Дневник.хр.

– Излегувајќи на терен, потврдено е дека станува збор за истекување на јаглерод моноксид од котелот. Како резултат на истекувањето на гасот, седум лица се повредени и пренесени во болница, а тие се странски државјани – се додава во соопштението, без да се спомене државјанството на повредените.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести