Властите издадоа предупредување за цунами за Јапонија откако земјотрес со јачина од 7,2 степени го потресе брегот на префектурата Мијаги.
Бранови високи еден метар го погодија копното, јавуваат јапонските телевизиски станици.
Американскиот конзулат во Сапоро ги советуваше луѓето во таа област да бараат „повисоки места“.