Богатството на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на неговиот четиригодишен мандат е намалено за околу 700 милиони долари на 2,3 милијарди, според Блумберговиот индекс на милијардери, пренесува BBC.
Пандемија на корона вирус го погоди Трамп бидејќи неговите канцелариски згради и десетина хотели и одморалишта претрпеа загуба на приход. Падот го забележаа и неговите авиони и терени за голф, кои ги има 19.
Трамп во моментов е цел на финансиска истрага на неговата деловна империја.
Блумберг ги анализираше деловните записи на почетокот и крајот на мандатот на Трамп за да ги пресмета движењата на богатството во изминатите четири години. Вредноста на неговите главни трговски недвижнини се проценува дека паднала за 26 проценти.
