6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Послушниот Мицкоски повторно ја активираше „ВМРО-кворумска“ ! Со што ја купи власта поддршката од Мицкоски ?

Наместо лелекање по амбасади од страна на власта за блокирањето на пакетот економски мерки, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе пее како славејче по нотите на власта.
Отпорот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пукна како меур од сапуница и најавите за бескомпромисна борба и симнување на власта на СДСМ, одеднаш се заменети со кооперативност и поддршка на владините проекти.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вчера најави дека опозицијата ќе ги поддржи законите од петтиот пакет на економски мерки за помош на граѓаните и компаниите во справувањето со корона-кризата.
„Ние ќе ги поддржиме овие закони дури и во ваква форма каква што се. Многу повеќе треба да се издвојува за компаниите“ изјави Муцунски.

Мицкоски ја жртвува и новосоздадената коалиција со Алијанса на албанците и Алтернатива кои категорично отфрлија поддршка на мерките и најавија дека ќе делуваат опозициски и жестоко ќе се спротистават.
Албанската опозиција до сега доставила над 14 илјади амандмани за разни закони, блокирајќи ги истите, како реципроцитет за несогласувањето со предлог законот за државјанство на Алијанса/Алтернатива.

Изминативе триесетина дена, откако владата го објави петтиот пакет мерки за поддршка на економијата, ВМРО-ДПМНЕ излезе со жестоки критики.
„Се предлагаат мерки за замајување на јавноста, што нема да придонесе за подобрување на економската ситуација во Република Македонија. Ова е само купување на време од страна на Владата“, оцени тогаш Трајко Славески.
Според тогашниот став на Мицкоски, станува збор за неразвоен пакет на економски мерки, кој нема да одговори на потребите на стопанството и граѓаните во онаа мера во која тие очекуваат.
Мицкоски отиде и чекор понатаму и обвини дека заради ближењето на изборите власта го подготвувала пакетот само за да си овозможи поткуп и кражба.
Тој јасно најави и дека ќе имало лелекање по амбасади заради блокирањето на пакетот од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Останува енигмата зошто Мицкоски направи салто мортале и се одлучи да поддржи неразвоен пакет кој ќе значи можност на власта за поткуп и кражба, но не е прв пат партијата да ја стави во служба на СДСМ.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести