14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

РОДЕНО E ПРВОТО БЕБЕ СО АНТИТЕЛА

Истражувачите ја анализирале крвта на бебето од папочната врвца и откриле антитела при раѓање, се наведува во нивниот напис.

Жената од Јужна Флорида, која примила една доза вакцина за корона вирусот додека била бремена, неодамна се породила, а нејзиното дете е првиот регистриран случај во светот на бебе родено со антитела кон вирусот по вакцинирањето на мајката, тврдат педијатрите.

Лекарите го претставија своето откритие во претходно отпечатена статија, што значи дека нивните тврдења допрва треба да бидат потврдени од науката, забележува Гардијан.

Лекарите Пол Гилберт и Чад Рудник рекоа дека мајката ја примила првата доза на во јануари, во 36-та недела од бременоста.

Жената роди силно и здраво девојче три недели подоцна.

Истражувачите ја анализирале крвта на бебето од папочната врвца и откриле антитела за време на раѓањето, според нивниот напис.

„Според нашите сознанија, ова е прв пријавен случај во светот на бебе родено со антитела по вакцинацијата“, изјави Гилберт за филијалата на ABC.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести