16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Еве која е разликата помеѓу корона и обична главоболка

Короната е болест на органите за дишење која што најчесто ги напаѓа белите дробови, а ја предизвикува вирусот SARS-CoV-2.

Досега ги научивме сите типични симптоми, а еден од нив е главоболката. Еве како „ковид главоболката“ да ја разликувате од онаа класичната која се јавува како последица на мигрена.

Според последните истражувања главоболката која што се поврзува со ковид-19 е карактеризирана со умерен, но моќен интензитет, а пациентите чувствуваат пулсирање или пак притисок кај слепоочниците, а главоболката се влошува кога ќе се обидете да станете, пренесува „Healthline“.

Исто така истражувањето покажало дека главоболката се појавува кај 11 до 34 отсто од пациентите кои што биле хоспитализирани како последица на ковид-19. Овие проценки ги потврдила и СЗО и Центарот за контрола и превенција на болести во чии истражувања пишува дека главоболката е чест симптом кај помладите од 65 години.

Како да се разликува од мигрената?

Суштинската разлика е во тоа што кај класичната мигрена се појавува чувствителност на звук и светло, што кај „ковид главоболката“ тоа не е случај.

Исто така „ковид главоболката“ вообичаено е проследена и со зголемена телесна температура, што со мигрената тоа не е случај.

Доколку имате главоболка, а стравувате дека можеби сте се заразиле со ковид-19, прво измерете си телесна температура и обидете се точно да ги детектирате останатите симптоми на вирусот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести