3.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Барања за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални беа испратени во Русија од 45 земји

Барања за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални беа испратени во Русија од 45 земји, вклучувајќи ги и САД, со образложение дека неговото притворање е незаконско.

Во изјавата прочитана од претставникот на Полска пред Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева се наведува дека постапките на руските власти против Навални се неприфатливи и политички мотивирани, објави Ројтерс.

Зад повикот стојат претежно европски земји, но и САД, Австралија, Канада и Јапонија.
Навални, најголемиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, беше осуден на две и пол години затвор минатиот месец за кршење на условната слобода.

  • Ја повикуваме Русија веднаш и безусловно да го ослободи Навални и сите кои биле незаконски приведени, вклучително и оние зад решетки за слободно изразување на своите ставови, се вели во заедничкото соопштение.

Во меѓувреме рускиот опозициски лидер беше префрлен од затворска колонија во централниот руски Владимиров регион на непозната локација.

Објавено е на неговиот профил на Twitter во кој тој се повикува на информациите на неговиот адвокат.

На крајот на февруари, Навални беше однесен од Москва во затворската колонија број 2 во Покров.

Агенцијата ТАЅ Ѕ тогаш објави дека колонијата во која е пренесен Навални ги применува „вообичаените правила“, што значи дека условите во затворот се помалку строги и дека е наменета за затвореници кои биле казнети за прв пат за полесни злосторства, а во моментов таму издржуваат казна 800 лица.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести