Необичен инцидент се случи пред два дена во студиото на ESPN во Богота, Колумбија, кога се сруши видео ѕид на еден гостин за време на преносот на спортска емисија.
Новинарот Карлос Ордуз седеше покрај неговите колеги кога монтажниот ѕид на студиото му се сруши на грбот.
Во студиото, на иста маса, седеа шест гости, а по вознемирувачкиот настан, збунетиот и шокиран водител најави реклами, иако тоа го направи зачудувачки многу смирено, како ништо да не се случило.
https://twitter.com/HINCAPIEDATOS/status/1369474150197309442?s=19
За среќа, Ордуз поминал без повреди и ги известил своите следбеници на Twitter.
- Ме прегледаа лекарите. Поминав без повреди освен што сите бевме многу исплашени. Сакав да ве известам дека сум добро. Фала му на Бога, рече тој.
