13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Куче скитник си дојде само на ветеринар и се пожали кај го боли (ВИДЕО)

Куче скитник од Бразил стана хит, кога локалните медиуми ја објавија сторијата за неговата посета на ветеринар. Како што беше објавено кучето се појавило во  многу сериозна здравствена состојба, и од вработените побарало помош со гестови и поглед.

Ветеринарката Дајсе Фереира завршувала преглед  на друго куче, кога го видела него пред вратата. Како што рече, таа и нејзините колеги биле зачудени од животното кое ја презело иницијативата и побарало нивна помош.

– Кога влезе ја крена повредената шепа како да не поздравува, односно да ни покаже каде го боли. Бевме изненадени затоа што тој знаеше кога и каде да побара помош – изјави Фереира за порталот Додо.

По брзото испитување, ветеринарот открил дека неговата шепа не е сериозно повредена, но, како што се испостави, имал среќа да ја посети клиниката поради нешто сосема друго. Имено, Фереира откри дека кучето имало мал тумор и било покриено со болви. За среќа, двата проблеми се лекуваат со соодветна грижа и нега.

Таа го избањала кучето и му дала лекови, но бајката за ова паметно куче штотуку започна.

Откако се појави сторијата почнаа да стигнуваат понуди за згрижување и подобри денови го чекаат ова куче, каде што ќе добие љубов, грижа и внимание.

– Дури и не изгледа болно. Возбуден е кога околу него има луѓе кои се грижат. Најубаво од сè е што дојде сам. Неговата интелигенција е прекрасна. Сигурна сум дека ќе биде посвоен од добри луѓе и дека ќе му ја дадат сета љубов што ја заслужува – заврши Фереира на крајот од разговорот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести