-1.2 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Маж кој пристигнал во Јапонија од Филипините во февруари бил заразен со нов вид на вирус

Маж кој пристигнал во Јапонија од Филипините во февруари бил заразен со нов вид на вирус, соопшти денеска Министерството за здравство на Јапонија, наведувајќи дека ова е прв ваков случај, пренесе агенцијата Кјодо.

Досега непознатиот вид на коронавирус се разликува од соевите пронајдени во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил, но се верува дека претставува иста закана како и трите многу заразни соеви, додаде јапонската новинска агенција.

Според Министерството за здравство, човекот има над 60 години и дошол преку аеродромот Нарита во близина на Токио на 25 февруари, а станува збор за асимптоматски случај.

Тој бил позитивен на тестот кога бил под карантин на аеродромот. Националниот институт за инфективни болести повика на посилна гранична контрола како дел од напорите да се запре ширењето на коронавирусот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести