4.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

WhatsApp носи промени што нема да им се допаднат на повеќето

WhatsApp носи промени што нема да им се допаднат на повеќето.

Имено, освен што неодамна беше во центарот на контроверзии поради објавувањето на новите правила за приватност и изгуби огромен број на корисници, WhatsApp сега, очигледно, ќе престане да работи за некои постари верзии на уредите на Apple – особено за сите телефони кои користат iOS 9.

Како што објавија од „WaBeta Info“, веб-страница што често носи веродостојни информации за новите карактеристики на WhatsApp, поддршката за iOS 9 е прекината за новата верзија Beta 2.21.50. Ова многу лесно може да влијае на „Stable“ верзијата, односно на онаа што ќе биде достапна за сите корисници.

За потсетување, верзијата iOS 9 работи со уреди со iPhone 4 и iPhone 4S, па ако сè уште користите некој од овие – веројатно би можеле да размислите за промена, особено ако WhatsApp е многу важен за вас.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести