Габриел Батистута за многумина беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа во 90-тите години на минатиот век, кога се истакна во дресот на Фиорентина и Рома.
Батистута ја воодушеви јавноста со своите игри во дресот на Фиорентина, а подоцна играше за Рома, со кого успеа да ја освои титулата пред 20 години. Легендарниот напаѓач ја заврши својата кариера во 2005 година и целосно се повлече од јавноста.
Аргентинецот имаше големи проблеми со болки во коленото, па затоа размислуваше дури и да ги ампутира нозете. Болката сè уште постои, но во многу помала мера, Батистута конечно може да ужива во пензија.

Деновиве една од неговите изјави се појави во јавноста кога еден од новинарите го праша дали е вистина дека неговиот син работи во фотокопирница и зошто е тоа така.
- Да, мојот Хоакин работи таму, рече Батистута, а потоа репортерот продолжи: Луѓето велат:Синот на Бати работи во фотокопирница, како да прави нешто недостојно, но тоа е чесна работа.
- На секое од моите деца можев да им подарам автомобил без никакви проблеми, но не знам дали тоа ќе ги направи среќни и колку долго ќе трае таа среќа. Затоа што кога ќе влезат во тој автомобил, тие би знаеле дека не е нивно и дека тато го купил за нив. Разбирам дека е поинакво искуство кога возат помалку убав автомобил, но ќе имаат во предвид дека тоа го заработиле сами. Фактот дека моите деца имаат своја работа, за мене значи дека им дадов достоинство, заклучи Батистута.
