2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Netflix воведе нова опција за мобилната верзија

Netflix воведе нова опција за мобилната верзија на апликацијата, која им овозможува на корисниците да се забавуваат со кратки клипови наместо да гледаат цел филм или цела серија.

Тоа е функција наречена „Fast Laughs“. Изгледа многу како TikTok, и работи на сличен начин.

Корисниците имаат можност да видат делови од шоуто, да се насмеат „брзо“, а доколку сакаат можат да зачуваат цели емисии за да ги гледаат подоцна.

Веројатно големата популарност на TikTok беше главната причина за Netflix да се одлучи за вакво нешто – не толку во смисла дека тие се во меѓусебна конкуренција, туку како добар показател за тоа што им одговара на луѓето, а тоа се кратки видеа.

Освен во филмови и серии, Netflix инвестира многу и во производство на стенд-ап серии, па ова е уште еден добар начин да ги привлечете гледачите на својата платформа.

Опцијата „Fast Laughs“ е достапна само за iOS во некои земји, но судејќи според претходните искуства, веројатно многу брзо ќе се прошири на целиот свет, и секако, на оперативниот систем Android.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести