Актерот Борис Комнениќ почина после тешка болест во 64. година од животот. Првакот на драмата во Народниот театар во Белград е роден на 29 март 1957 година во Пула.
После гимназијата, која завршил во родниот град, се запишал на Факултетот за драмски уметности, а член на Народниот театар станал во 1984 година, додека неговата најпозната улога е телевизискиот лик на Александар Саша Попадиќ во култната серија „Бољи живот“.Меѓу филмските и телевизиски наслови во кои играл се и „Бал на води“, „Шпадијер један живот“, „Горе доле“, „Вратиќе се роде“, „Мирис кише на Балкану“, „Синѓелиќи“, „Апофенија“, „Тајванска канаста“ и други.Прогласен е за првак на драмата на Народниот театар чиј постојан член е од 1984 година.
