16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

СТРАШНО: АВИОН ПРИНУДНО СЛЕТА ВО СОФИЈА ПОРАДИ АГРЕСИВЕН ПАТНИК

Авион кој летал од Париз за Њу Делхи морал принудно да слета во Софија заради агресивно однесување на еден од патниците, заради што му се заканува затворска казна до 10 години, соопштиле денеска бугарските власти.

Патникот на летот, инаку државјанин на Индија, почнал агресивно да се однесува набрзо по полетувањето.

Како што објаснил од Националната истражителна агенција Ивајло Ангелов, тој се карал со останатите патници, ја навредувал стјуардесата и удирал по вратат од кокпитот.

Заради неговото однесување, капетанот морал да бара принудни слетување во Софија, пренесува Ројтерс.

Човекот, чие име не е откриено, бил изведен од авионот и обвинет за загрозување на безбедноста на летот за што му се заканува казна до 10 години затвор.„Ги истражуваме неговите мотиви и однесување, за кое не постои разумно однесување“, рекол Ангелов.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести