Австралиската авиокомпанија „Qantas“ започнува „мистериозни летови“ со намера да го зајакне домашниот туризам во земјата.
Ова се еднодневни патувања, но патниците воопшто не знаат каде патуваат. Ваквите летови беа популарни и во 90-тите години на минатиот век.
Исто така, ќе бидат организирани активности што вклучуваат правење вино, нуркање и други работи, пренесува порталот Kliks.
Проблем за авиокомпаниите, поради короната, е драстичниот пад на патниците. Затоа многумина „измислуваат“ начини за да привлечат нови клиенти.
Покрај „Qantas“, други компании смислија слични стратегии за да заработат пари во овие тешки моменти.
