Кипар планира да воспостави регистар во следните неколку месеци за да ги идентификува сопствениците на илјадници компании на островот, со што ќе се отстрани превезот на тајност во сложената корпоративна структура за која активистите тврдат дека им се дозволува на криминалците да го сокријат пленот.
Деталите за илјадниците компании регистрирани на островот, за кои многумина веруваат дека се поврзани со Русија, ќе бидат собрани од 16 март за да бидат внесени во таканаречениот регистар на корисни сопственици.
Поддржувачите тврдат дека регистарот, што е задолжителен според прописите на Европската унија против перење пари (АМЛ), може да биде пресвртна точка за Кипар, што според активистите е магнет за оние кои во минатото криеле богатство зад измислени компании.
- Ние ќе им дадеме на компаниите шест месеци да ги соберат сите детали за влез во системот, рече Антониа Фаита Ставриде, висок административен службеник во кипарското Министерство за енергија, трговија и индустрија, кој го координира проектот.
Според Ројтерс, експертите предвидуваат дека одредени компании ќе ја сменат својата јурисдикција наместо да откријат кои се нивните вистински сопственици. Кипар долго време се обидуваше да го разниша угледот на земја која слепо им ги зема парите на инвеститорите, без да поставува прашања. Доходовната програма за пасоши за инвестиции беше ненадејно укината минатата година по извештајот за можна корупција.
Активистите велат дека утврдувањето кој е вистински сопственик на компании регистрирани на Кипар ќе биде како да барате игла во сено – следејќи траги од документација низ лавиринт од локални „директори“ и потоа да влезете во јамките на другите јурисдикции со ниски даноци пред да удрите во ѕид.
- Ваквите измислени компании се „еден од најчесто користените инструменти за перење пари“, рече Маира Мартини, експерт за истражување на протокот на корумпирани пари во „Transparency International“.
Катерина Антониу, директор на одделот за ризик и спречување на перење пари во Делоит, рече дека голем број компании регистрирани на Кипар веќе се преселиле откако банките воведоа построги контроли во 2020 година.
- Регистарот може да предизвика нов бран преместувања, особено за оние правни лица кои сакаат да избегнат објавување на идентитетот на вистинските сопственици“, рече Антониу.
Фаита Ставриде за Ројтерс изјави дека првичниот регистар ќе биде привремена база на податоци до којашто можат да пристапат владините агенции на барање. Таа се надева дека конечниот систем, со различни нивоа на пристап, ќе биде достапен „до крајот на годината“.
Некои активисти за борба против корупцијата сметаат дека треба да се стори повеќе. Мартини од ТИ вели дека Кипар е далеку зад спроведувањето на регулативите за АМЛ во националното законодавство.
- Сè уште нема да биде јавен регистар, што е барање на ниво на ЕУ“, рече таа.
Активистите исто така тврдат дека за да биде целосно ефективен, регистарот на корисни сопственици треба да биде поврзан со други бази на податоци, како што е оној за сопственоста на недвижен имот.
- Властите треба да имаат можност да го пребаруваат регистерот доколку е потребно, наместо да бараат информации, а потоа да можат да ги интегрираат тие информации во други бази на податоци.
