Кулата штипка е станбен облакодер и луксузен хотел кој, кога ќе се изгради, ќе стане и најголемата скулптура во светот.
Зачудувачката зграда висока 170 метри треба да се приклучи на Бурџ Калифа во Дубаи. Тоа е концептуална идеја на израелскиот уметник Зиго.

Планот е 50 ката да бидат поделени на два дела: луксузен хотел со 1.200 соби и станбен дел со 300 апартмани и некои дизајнерски продавници, галерија за модерна уметност и ресторан.
И покрај нејзината комерцијална цел, уметниците се надеваат дека оваа скулптура од облакодер ќе стане симбол на љубов, мир и надеж во Дубаи.

Во моментов се бараат стратешки партнери за закуп на земјиштето на кое ќе се гради облакодерот, а работите треба да започнат во 2023 година.
