1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Потресно видео: Двегодишно девојче од Виетнам преживеало пад од 12. кат (ВИДЕО)

Двегодишно девојче од Виетнам преживеало пад од 12. кат, и тоа благодарение на еден храбар доставувач кој експресно реагирал и го спасил детето.

Драматичнат сцена се одиграла во градот Ханои, а соседите го виделе детето како виси преку терасата и врескале довикувајќи помош.

Во тој момент долу се нашол Гујен Гок Ман, кој успеал да го спаси детето кое ја пуштило оградата и почнало да паѓа надолу.

Предупредување: Потресно видео

– Седев во возилото и чекав на испорака кога слушнав вресоци, рекол Ман за Виетнам тајмс и додал дека тогаш видел како детето се држи за оградата од терасата но од надворешната страна.

– Излетав од возилото и гледав како да се качам на натстрешницата пред локалот кој е под терасата. Некако се качив и смао гледав да го фатам детето, раскажал овој храбар човек. Девојлето му паднало во скутот и завршило со  скрешници на нозете и рацето, но во стабилна состојба.

Ман признал дека не му е јасно како се нашол на кровот, а ниту како го спасил детето. Инаку, на крајот и тој завршил со повреден зглоб. Иако го нарекуваат херој, Ман вели дека го направил она што би го сторил секој нормален човек.

Се уште не е познато како девојчето завршило од другата страна на оградата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести