2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

„СпејсЕкс“, компанијата на Илон Маск, успешно приземји еден од прототиповите на ракетата „Старшип“ по завршувањето на пробен лет на голема надморска височина, но таа потоа, сепак, експлодираше (ВИДЕО)

„СпејсЕкс“, компанијата на Илон Маск, успешно приземји еден од прототиповите на ракетата „Старшип“ по завршувањето на пробен лет на голема надморска височина, но таа потоа, сепак, експлодираше.

Инцидентот се случи неколку минути откако „СпејсЕкс“ прогласи успех на полигонот во Бока Чика, Тексас. Двата претходни пробни лета завршија со експлозија при слетувањето.

Следната генерација на вселенските возила успеа цврсто да застане на своите продолжени нозе, за потоа да избие пожар околу базата и осум минути подоцна дојде до експлозија.

Од „СпејсЕкс“, сепак, кажаа дека ова е охрабрувачки напредок, бидејќи прототипот изведе успешни маневри и имаше меко слетување.

Според замислите на „СпејсЕкс“, „Старшип“ треба да ги замени постојните ракети „Фалкон“. Маск планира да ги користи овие ракети за мисии до Месечината и Марс.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести