20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Instagram ќе воведува нова опција

Instagram воведува нова опција, која ќе им овозможи на повеќе луѓе да зборуваат во живо истовремено.

Тоа е функција наречена „Live Rooms“ и дозволува до четири учесници во „видео повик во живо“, наместо на претходните два.

Како што известуваат од оваа социјална мрежа, тие се надеваат дека „Live Rooms“ ќе ги охрабрат корисниците да ги започнат своите подкасти, да формираат музички групи или на некој начин да се обединат преку платформа.

Не можеме да не ја забележиме сличноста што ја споделуваат „Live Rooms“ со сè попопуларната апликација Clubhouse, освен што не е потребно таму да се вклучува камерата, додека Instagram сè уште го бара тоа.

Веројатно ова е начин Facebook (сопственикот на Инстаграм) да се бори против конкуренцијата што ја претставува Clubhouse или барем да им обезбеди алтернатива на корисниците на Android затоа што, барем засега, Clubhouse е достапен само за iOS и само ако некој ти испрати покана.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести