20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја продава куќата на плажа во Палм Бич

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја продава куќата на плажа во Палм Бич, Флорида за неверојатни 49 милиони долари.

Имотот е спроти одморалиштето Мар-а-Лаго, каде Трамп поминуваше добар дел од своето време за време на неговиот мандат. Куќата е продадена на компанијата на Трамп во 2018 година за 18,25 милиони долари, а ја продала неговата сестра, пензионираната федерална судијка Маријан Трамп Бери.


Куќата има осум спални соби и осум бањи, а има површина од скоро илјада квадратни метри. Наречена „Beachouse / Куќа на плажа“, двокатната куќа е изградена во 1956 година.


Оној што ќе ја купил куќата ќе добие и бесплатно членство во клубот Мар-а-Лаго.
Во рекламната кампања за продажба не се споменува Трамп, но куќата е опишана како „многу позната и важен имот на океанот“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести