Амбасадорката на Филипините во Бразил е отпуштена откако било откриено дека со месеци ја тепала една од своите домашни помошнички во резиденцијата во Бразилија, а нејзиние напади се снимени и објавени во медиумите.
Амбасадорката Маричу Мауро е отповикана и вратена во Манила кон крајот на минатата година, откако на телевизијата GloboNews биле објавени снимките кои го откриваат нејзиното однесување кон жената, исто така, Филипинка. Освен тоа добила и отказ од Министерството за надворешни работи, рекол вчера претседателот Родриго Дутерте.– Постојат правила кои треба да се почитуваат. Ако не ги почитувате, сносите ризик. Ако стварите тргнат по лошо, јас нема да ве спасам, рекол Дутерте.
Мауро ќе го загуби правото на пензија и веќе нема да може да извршува јавна функција.
Снимкие се направени меѓу март и октомври 2020 година, а употребени се како поткрепа на тужбата против поранешната дипломатка, која за амбасадорка била именувана во 2018.
