4.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата партија Фидес ќе ја напушти Европската народна партија во Европскиот парламент

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата партија Фидес ќе ја напушти Европската народна партија во Европскиот парламент, наместо да ја прифати суспензијата.

Таа суспензија најверојатно ќе биде донесена во среда.

Како што објави бриселско „Politiсo“, Орбан во писмото до претседателот на ЕПП, Манфред Вебер, изјави дека Фидес ќе ја напушти групата доколку новите одредби бидат прифатени во среда.

Минатата недела, Вебер и другите лидери на партиите на ЕПП се согласија за нови правила за суспензија што ќе им овозможи да казнат цела партија-членка, а не само еден член.

Партијата Фидес веќе е суспендирана од членството од март 2019 година, но нејзините членови продолжуваат да учествуваат во работата на ЕПП во Европскиот парламент.

Унгарскиот министер за семејство и потпретседател на Фидес, Каталин Новак, обвини некои членови на ЕПП за вклучување во „неприфатливи“ борби во време кога „Европа се бори да спаси животи“ и ги обвини лидерите на ЕПП за промена на правилата за „протерување“ на членовите на Фидес.

Потпретседателот на ЕП и член на ЕПП, Отмар Карас од Австрија изјави дека групата нема да се потчини на притисокот на Орбан и нема да му дозволи да ги „уценува“.

  • ЕПП ќе ги продолжи планираните измени на правилата, рече тој.

Доколку Фидес ја напушти ЕПП, таа ќе остане најголемата фракција во Европскиот парламент, а во моментов таа група има 187 од 705 европратеници.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести