4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Првиот човек на СЗО: Не ги ублажувајте мерките

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адана Гебрејесус изјави дека бројот на нови случаи со коронавирус се зголеми минатата недела. Како што изјави, тоа се случи за прв пат по седум недели. Тедрос го нарече ваквото зголемување „разочарувачко, но не изненадувачко“ и ги повика земјите да не ги олеснуваат мерките за борба против ширењето на инфекцијата, пренесува Ројтерс.

Досега се регистрирани скоро 15 милиони случаи на коронавирус во светот, покажуваат податоците на страницата „Worldometer“. Според веб-страницата, досега биле погодени 114.816.302 лица од пандемијата, повеќе од 2,5 милиони починале, а повеќе од 90,4 милиони се опоравиле од вирусот корона.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести