6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

„Кацарска судство“ по мерка на Мицкоски

Максималните пресуди за обвинетите во предметот „Таргет-Тврдина“ не само што не изнудија никаква реакција од ВМРО-ДПМНЕ, туку претседателот Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници ги поздравија високите казни, индиректно застанувајќи зад работата и предметите на СЈО.
Мицкоски и неговите соработници, обеземени стравот дека некој може да им ги загрози партиските функции не кажаа ниту збор за предметот во кој одговара и поранешната министерка и генерален секретар на партијата Гордана Јанкулоска која доби нови четири години затвор.
Всушност случајот беше искористен за легитимирање на обвиненијата против поранешните сопартијци и промена на целата реторика која до неодамна работата на СЈО ја квалификуваше како „политички прогон“.
„Како што знае целокупната јавност на 22 октомври 2018-та година кога го исклучивме Сашо Мијалков од членство во ВМРО-ДПМНЕ, јавно обзнанивме дека постои криминална коалиција Зоран Заев, Вице Заев, Сашо Мијалков која што не само во овие три години, туку 15-тина години наназад работи на уништување и разнебитување на Македонија“ изјави Александар Николовски, потпретседател и десна рака на Мицкоски.

Со ваквиот настап Мицкоски практично ги нападна сите поранешни функционери и сите проекти кои ги реализирала партијата.
Доколку „криминалната коалиција“ функционирала и во 11-те години кога Никола Груевски ја водеше државата, тоа значи дека сите кадровски именувања во тој период биле со цел уништување и разнебитување на Македонија.
Следствено, тоа значи и дека сите проекти кои биле реализирани во тој период биле криминализирани.
По логиката на Николовски, тоа што Македонија во тоа време била 40 места погоре на листата на Транспаренси интернационал заради борбата против криминалот и корупцијата, било резултат на „криминалната коалиција“ со кој требало да и се наштети на државата.
Многумина коментираат дека со оваа пресуда се легитимира сработеното од СЈО и дека ова ќе биде вовед во засилена динамика на досегашните процеси, но и отворање на нови случаи.
За политичката јавност нема дилема дека од ваквата пресуда најголема корист имаат токму Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
„За лидерството на ВМРО-ДПМНЕ оваа пресуда е честитка во најдобар можен момент пред вонредниот конгрес кој го закажаа бунтовниците во партијата. Без оглед што со оваа пресуда партијата ја доби на својата рака белегзијата дека нејзини врвни претставници биле мозокот на прислушувањето. Мицкоски и останатите можеби сега би требало да здивнат затоа што главата на она што тие го нарекоа „Мериот коалиција“ е во „Шутка“. Тоа би требало да им даде поголем маневарски простор да ги отфрлат сите обвинувања на незадоволниците и мирно да допловат до редовниот конгрес кој го закажаа за ноември“ коментира во својата анализа новинарот Љупчо Поповски.
Впрочем Мицкоски самиот и неговите соработници, се обидоа да го искористат моментот и да го нападнат Никола Груевски кој до неодамна беше жртва на политички прогон кој доби политички азил.
Одеднаш Груевски не е меѓу политичките жртви туку е бегалец од правадата која што Мицкоски смета дека „Кацарска судството“ може да му ја понуди тука.
„Дали е бегалец, да. Сметам дека е некоректно што ги остави неговите соработници сами по притвори/затвори, а не гледам дека некако им помага“ напиша Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, без да објасни дали тие соработници не биле и негови сопартијци и дали Мицкоски или тој воопшто некому и некако му помогнале.

Нападот против Груевски го почна самиот Мицкоски кој го нарече бегалец и побара да одговара пред „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“.

Дали Мицкоски имал контакти со луѓе од поранешното СЈО преку негови блиски познаници и колкав е неговиот удел во драконските пресуди против поранешните сопартијци ќе се знае наскоро.
Доколку се точни наводите дека постојат неколку отворени предмети за блиски соработници на Мицкоски, обвинителството и судот ќе бидат на искушение да покажат дали има некаков премолчен договор или и тие пријави ќе се процесуираат со притвори за осомничените.
Медиа веќе пишуваше дека веќе се потврди пазарењето на Мицкоски со Заев за да го спаси само својот соработник Димитар Димовски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести