Американски истражувачи од Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија рекоа дека новиот сој на коронавирус кој има некаква сличност со повеќе преносливата мутација откриена во Јужна Африка е во пораст во Њујорк, пренесува Ројтерс.
Агенцијата наведува дека новиот вид, познат како В.1.526, за прв пат бил идентификуван во примероците собрани во Њујорк во ноември, според извештајот на научниците, а до средината на февруари бил потврден во околу 12 проценти од сите случаи.
A new virus variant is spreading rapidly in New York City, and it carries a mutation that may weaken the effectiveness of vaccines, researchers said. https://t.co/8mK7AKjjvS
— The New York Times (@nytimes) February 25, 2021
Ројтерс известува дека студијата открила дека сојот В.1.526 има некои загрижувачки заеднички карактеристики со видот В.1.351 идентификуван во Јужна Африка и Р.1, кој за прв пат е потврден во Бразил и се поотпорни на некои постојни вакцини отколку претходните верзии на коронавирусот.
Студиите исто така покажаа дека неодамна откриените вакцини против COVID-19 се веројатно ефикасни против вируси и развој на сериозни болести, дури и за инфекции со нови варијанти, а производителите рапидно работат на развој на подобрени вакцини за борба против нови мутации, според агенцијата.
