10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Вселенскиот интернет наскоро ќе може да ја покрие целата планета

Благодарение на „Starlink“, Елон Маск е се поблизу до целта што ја постави пред неколку години – Интернетот од вселената ќе биде достапен за луѓето во руралните области каде било на Земјата.

Тој на својот профил на Twitter (а каде на друго место) откри дека до крајот на оваа година, поголемиот дел од нашата планета ќе биде покриен со „Starlink“ интернет и дека во 2022 година нема да има места каде што не стигнува неговиот сигнал.

Патем, „Starlink“ се состои од сателити лансирани во ниска орбита, а бројот на сателити кои обезбедуваат услуга на „вселенски интернет“ на корисници каде што нема инфраструктура за друг вид, само ќе се зголеми.

Еден дел од населението во САД веќе може да користи „Starlink“ интернет, чија брзина е помеѓу 50 Mbps и 150 Mbps, а латентноста е малку поголема во споредба со класичниот Интернет – помеѓу 20 ms и 40 ms.

Маск вети дека до крајот на оваа година, латентноста ќе биде најмногу 20 ms, и дека, по некое време, брзината на интернетот ќе се искачи до 300 Mbps. Сепак, квалитетот на услугата ќе зависи и од локацијата на корисникот.

Ако се прашувате колку чини ова задоволство, а тоа веќе го знаете – плаќате еднаш за инсталирање на терминал и специјален рутер, а потоа месечната претплата е „ситни“ 99 американски долари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести