12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

НОВ СОЈ СЕ ПОЈАВИ ВО ЊУЈОРК

Американски истражувачи од Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија рекоа дека новиот сој на коронавирус кој има некаква сличност со повеќе преносливата мутација откриена во Јужна Африка е во пораст во Њујорк, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека новиот вид, познат како В.1.526, за прв пат бил идентификуван во примероците собрани во Њујорк во ноември, според извештајот на научниците, а до средината на февруари бил потврден во околу 12 проценти од сите случаи.

Ројтерс известува дека студијата открила дека сојот В.1.526 има некои загрижувачки заеднички карактеристики со видот В.1.351 идентификуван во Јужна Африка и Р.1, кој за прв пат е потврден во Бразил и се поотпорни на некои постојни вакцини отколку претходните верзии на коронавирусот.

Студиите исто така покажаа дека неодамна откриените вакцини против COVID-19 се веројатно ефикасни против вируси и развој на сериозни болести, дури и за инфекции со нови варијанти, а производителите рапидно работат на развој на подобрени вакцини за борба против нови мутации, според агенцијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести