Маж од Аризона бил толку очаен и не му се работело што барајќи можност како да се извлече од работа, го исценирал сопственото киднапирање, соопштиле властите.
Брендон Соулс (19) е најден со врзани раце и банана во устата на почетокот од месецов, пренесуваат локалните медиуми.Соулс им рекол на властите дека го киднапирале двајца маскирани мажи, го удриле по глава, по што загубил свест, пренесува Њујорк пост.Мажите потоа го однеле на местото каде што бил најден и таму го оставиле. Но по направената истрага, детективите откриле дека киднапирање немало. Момчето после тоа морало да признае дека ја измислил целата приказна за да се извлече од работа.Заради лажна пријава на крајот, на 17 февруари е уапсен.
