21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

БАЈКА: Замрзнати водопадите на Нијагара

Делови од водопадите на Нијагара, на границата САД-Канада, замрзнаа вчера откако температурите паднаа на -18С на реката Нијагара минатата недела, а студените бранови сè уште се присутни во американската држава Њујорк и другите делови на Северна Америка, наведува „Independent“.

https://twitter.com/bbcweather/status/1363828170663878663?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1363828170663878663%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftimes.com.mk%2Fplaneta%2FD181D186D0B5D0BDD0B8-D0BAD0B0D0BAD0BE-D0BED0B4-D0B1D0B0D198D0BAD0B0-D0B7D0B0D0BCD180D0B7D0BDD0B0D182D0B8-D0B2D0BED0B4D0BED0BFD0B0D0B4%2F

Британскиот весник наведува дека туристите кои вчера се нашле на водопадите Нијагара можеле да видат и фотографираат големи парчиња мраз како пловат во водата, додека облаци од пареа и виножито биле присутни во текот на целиот ден.

„Independent“ пишува дека иако на некои фотографии се чини дека водопадите се целосно замрзнати, водата никогаш не престанува да тече и покрај ваквите услови, а присуството на големи мразови на водопадот е забележано во текот на 2014 и 2015 година кога поларните циклони го погодиле тоа подрачје .

Заедно со многу други сојузни држави низ Соединетите држави во текот на изминатите две недели, Њујорк исто така беше погоден од силни студени бранови, а во Нијагара се очекуваат повеќе снежни врнежи во текот на следните неколку дена, според британскиот весник.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести