20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

РЕАКЦИЈА НА МЕДИА.МК

Дали вистиномер.мк свесно зафаќа страна помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се за вонреден конгрес и оние кои се за редовен и зошто ?

Вчера медиа.мк се соочи со цензура од таканаречените “фактчекери” или екипата од вистиномер.

Вистиномер утврдил дека медиа.мк преку објава на Фејсбук ДЕЗИНФОРМИРА со тоа што на соопштение на Иницијативата за свикување Вонреден Конгрес е напишан наслов “ВМРО-ДПМНЕ оди на Вонреден Конгрес на 28ми март во Скопје”. Еве што пишува во реакцијата на Вистиномер.

“Објава на социјалната мрежа Фејсбук дезинформира дека најголемата опозициска партија на крајот на март ќе има вонреден конгрес. Во постот е споделен текст со наслов:„ВМРО-ДПМНЕ оди на вонреден конгрес на 28 март во Скопје“, преку кој се пласира погрешна информација. Затоа што, вонреден конгрес закажа Иницијативниот одбор (фракција, група во ВМРО-ДПМНЕ), а не раководството и органите на партијата, кои, пак, донесоа одлука да се одржи редовен конгрес на крајот на ноември.”

Медиа смета дека фактчекерите се служат со непроверени информации. Во делот каде што пишуваат дека Вонреден Конгрес закажал Иницијативниот одбор додаваат дека се работи за “фракција во ВМРО-ДПМНЕ”, без да додадат дека иницијативниот одбор е составен во најголем дел од ДЕЛЕГАТИ НА КОНГРЕСОТ. Подоцна тенденциозно или од непознавање додаваат дека не се работи за раководство или ОРГАН НА ПАРТИЈАТА, а покажуваат недоволно непознавање на партискиот статут на кој подоцна се повикуваат. Во член 29 од статутот јасно е наведено дека КОНГРЕСОТ Е НАЈВИСОК ПАРТИСКИ ОРГАН. Конгресот е составен од делегати, а токму најголемиот број на делегати се дел од иницијативата и стојат зад соопштението во кое се наведува дека е закажан вонреден конгрес. Од таму Медиа.мк се повикува на фактот дека највисокиот партиски орган донел одлука да се состане и истата одлука ја пренесуваме на нашите читатели со наслов “ВМРО-ДПМНЕ оди на Вонреден Конгрес на 28 март во Скопје”.

Втората неточна констатација на која се повикува Вистиномер е статутот кој исто така е спорен сам по себе според тоа кој орган го донел. Во напишаното Вистиномер тврди дека “Централниот комитет е ЕДИНСТВЕН надлежен орган за свикување и организирање Вонреден партиски конгрес”. Еве што напиша Вистиномер:

“Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, член 31, Централниот комитет е единствен надлежен орган за свикување и организирање вонреден партиски конгрес, за што е потребно поддршка да дадат најмалку 2/3 од членовите на Централниот комитет.”

Во фотографијата која подоле ја прикажува како доказ Вистиномер, воопшто не соодветствува со напишаното од нивна страна, во статутот никаде не пишува дека ЕДИНСТВЕН орган кој може да закаже и организира Вонреден Конгрес е Централниот комитет. Токму затоа медиа.мк се повикува на одлуката на НАЈВИСОКИОТ ПАРТИСКИ ОРГАН , кој го сочинуваат токму делегатите и во консултации со правници сме советувани дека апсолутно е возможно истите да се свикаат, состанат и донесат одлуки.

Вистиномер се става во улога на суд, зазема страна и ја ограничува слободата на изразување со цензурирање на веста на Фејсбук наведувајќи:

“Од сето ова јасно се гледа дека регуларните партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ долнеле одлука да има редовен конгрес во ноември. А, вонреден конгрес во март најави Иницијативниот одбор, што е различно. Во текстот, што е линкуван во постот што е предмет на оваа рецензија, преснесено е целото соопштение на Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, но намерно, заради собирање што повеќе кликови, е избран манипулативен наслов:„ВМРО-ДПМНЕ оди на вонреден конгрес на 28 март во Скопје“. А, ваквата информација, како што веќе кажавме погоре, не одговара со фактичката ситуација и е невистинита. “

Ваквите пишувања не се базираат на факти и покажуваат целосно непознавање на состојбите и претставуваат директно мешање во слободата на изразување. Повторно во последниот дел се нагласува “јасно се гледа дека регуларните партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ долнеле одлука да има редовен конгрес во ноември”, што е апсолутно неточно. Медиа.мк апелира да не се злоупотребува положбата која Вистиномер ја има добиено од Фејсбук и своите одлуки да ги базира на проверени факти!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести