Познатиот рапер Machine Gun Kelly на својот Instagram профил објави неколку фотографии на кои е во друштво на девојката, познатата актерка Меган Фокс. На една од тие фотографии има и приврзок кој содржи крв.
- Ја носам твојата крв околу вратот, гласи неговото соопштение. Голем број следбеници се воодушевени од фотографиите, но има и такви кои не ја криеја зачуденоста. Тие сметаат дека не е правилно да се изразува љубов така.

„Ова е страшно“, „Вие сте за лечење“, „Болен“ – се само некои од негативните коментари под објавата.
Сепак, за оние малку постари кои ја следеа поп-културата од тие години, ова со приврзокот и крвта нема да биде ништо ново. Имено, Анџелина Џоли и нејзиниот тогашен сопруг Били Боб Тортон носеле и шишенца со крв како доказ за љубовта.
Меган Фокс, позната по филмот „Transformers“ и расправијата со режисерот на тој филм, сподели уште неколку фотографии на својот Instagram профил.
- Еве, моето срце се појавува надвор од моето тело, завиткано во голема силуета на невообичаено убаво момче. Магичен и прогонуван, кинетички и измачен, етеричен и опасен, космички, беззаконит, вечен творечки гениј. Патувањето веројатно ќе биде опасно, но нема цел без него … – напиша Меган.

Двојката се соочи со озборувања за веридбата на почетокот на годината, бидејќи Меган носеше огромен прстен, но таа ги демантираше тие приказни.

Machine Gun Kelly и Меган Фокс се во врска од минатата година, кога актерката се разведе од актерот Брајан Остин Грин со кого има три деца. Брајан на нашата публика и е најпознат по сериите „Beverly Hills“. Поминаа низ разни фази, но нејзината порака под фотографијата на Брајан на Instagram сè уште се памети.
- Зошто Џурни мора да биде на оваа фотографија? Не е тешко да ја исечеш од сликата или да избереш слика на која нема деца. Исто така, одлично се забавував со нив за Ноќта на вештерките, па ќе видиш дека ги нема на мојот профил. Знам дека ги сакаш нашите деца, но не разбирам зошто не можешда престанете да ги објавуваш на Instagram. Толку си опиен од создавањето приказна што јас сум мајка која не е во приказната и дека ти си посветен татко на годината. Тие се со тебе половина од времето. Честитки, ти си прекрасна личност! Зошто ти треба јавен одговор кога е доволно да видиш дека нашите деца те сакаат? – напиша Меган во тоа време, но коментарот набргу беше избришан.
