1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Едно дете во Германија доста ја изненадило својата мајка со телефонска сметка од дури 2.700 евра

Едно дете во Германија доста ја изненадило својата мајка со телефонска сметка од дури 2.700 евра.

Мајката дозволила седумгодишното дете да си игра на нејзиниот телефон. Момчето тогаш за многу кратко време успеа да потроши 2.753,91 евра за купување видео игри и придружна содржина, објави Центарот за консултации на потрошувачи во Долна Саксонија.

Момчето, покрај пристапот до мобилен телефон, доби и пристап до помал ваучер, а мајката заборави дека и кредитната картичка е врзана за тој ваучер.

Како што објасни Кетрин Корбер, адвокат на тој Центар, германските закони им дозволуваат на децата да купуваат преку Интернет во износ од џепарлакот, пренесува Новости.

Претставувајќи ја мајката на која и се случила оваа несреќа, таа напишала писмо до компанијата што продава видео игри, па поголемиот дел од долгот е отпишан – дури 2.654,31 евра.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести