3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Македонски диџеј со искрен апел за помош: Вработете ја сестра ми за да не си оди од државава!

Мојата сестра ќе треба да си оди од државава зошто тука очигледно квалитетни луѓе не требаат. Доколку некој има потреба од правник ве молам контактирајте ме, вака македонскиот диџеј Марјан Петровски (Диџеј Мац) побара помош од неговите Фејсбук пријатели.

Впрочем, тој бара помош за да биде вработена неговата 37 годишна сестра која е правник.

-Јас би ве замолил доколку некој има потреба од правник во државава.. Мојата сестра е МАГИСТЕР ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И ДИПЛОМАТИЈА.. со перфекно втор научен турски јазик.. со сертификати со дипломи со сите левели и степени на највисоко ниво..

Има 37 год и е невработена во државичкава наша бидејќи има 75 страни CV.. и има пратено во над 50 места и нема добиено одговор од никого зошто немаме врски…

Мојата сестра ќе треба да си оди од државава зошто тука очигледно квалитетни луѓе не требаат..

Па би сакал еве на овој начин да замолам, доколку на некој му треба човек со огромен капацитет да ми се обрати..

Би сакал сестра ми да остане во државава и да биде со фамилијата

ФАЛА ВИ МНОГУ, стои во неговиот Фејсбук-статус на Марјан Петровски (Диџеј Мац).

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести