7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Петровски: Мицкоски сака да ја подели и распарчи ВМРО-ДПМНЕ

„Поделбата на партијата е сценарио од кое се плашам. Тоа сценарио го турка Мицкоски и неговата дружина. ВМРО-ДПМНЕ е голема партија и нормално е да има различни мислења, но не може некој да ме прогласува за слуга. Јас сум делегат на конгрес и сметам дека треба отворено да се разговара зошто ги губиме изборите. Мене ме интересира каде и како се трошат финансиите и конечно, треба да се реформираме, а најдобра арена за тоа е вонредниот конгрес“ изјави поранешниот функционер и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Филип Петровски.

„Како може мене некој да ме прогласи за слуга на Заев кога јас во 90-тите сум одел на конгреси на ВМРО, а тој си играл во песок и членувал во други партии“ реплицираше Петровски на денешните напади од страна на Мицкоски.
Според Петровски, Мицкоски побрза со својата корумпирана структура да парира на делегатите кои го избрале и да закаже редовен конгрес десет месеци пред терминот.
„ВМРО-ДПМНЕ мора да се провери на вонреден конгрес што е тоа што не чини. Зошто не можеме никако на овој Заев, што ги направи сите зулуми и сите проблеми во државата ниту да му се приближиме. Делегатите и членовите имаат потреба да поразговараме околу прашањето што е проблемот во партијата што во вакви услови, каде што било кој да беше противник на Заев требаше да победи“ вели Петровски.
Тој го постави прашањето ако делегатите се слуги на Заев, а истите го избраа во Валандово, дали и Мицкоски е слуга на Заев ?
„Мене ми личи дека Мицкоски е слуга на Заев . Пред изборите во Штип велеше дека таму се брани Македонија, а потоа најголемиот вмровски град на истокот му го остави на Заев. Дали е можеби Мицкоски слуга на Заев ?“ запраша Петровски.
Основниот проблем според Петровски е што Мицкоски се плаши и смета дека делегатите ќе му ја одземат довербата и затоа брзал со закажување на редовен конгрес.
Петровски побара Мицкоски да се откаже од фингиран конгрес кон крајот на годината и да дојде на 28 март за да си каже што има да си каже пред луѓето кои го избраа, иронично порачувајќи дека можеби ќе биде избран и ќе им се допадне на мнозинство од делегатите тоа што изгубил пет пати во овие три години.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести