Фотографија од имот во САД со интересна порака на покривот на куќата се појави на апликацијата „Гугл мапс“, пренесува Мирор.
Сопственикот на имотот побарал неговата куќа да биде прикриена од сателитскиот поглед. Гугл го одби тоа барање и ја сними куќата со сателит, а за возврат доби провокативна порака од сопственикот.
Натписот „F ** k you“ се појави на покривот на куќа во Мисисипи, САД, со кој сопственикот го изрази своето незадоволство од одбиеното барање.
Фотографијата од натписот набрзо се прошири на Интернет и предизвика бројни реакции.
– Претпоставувам дека нивната куќа беше заматена во Street View (секако поради приватност), но Google не сакаше да го стори тоа за „Satellite View“, па ова беше логичен редослед на настаните – напишал еден корисник на Redit.
Портпаролот на Гугл наскоро одговори на оваа порака и рече дека „Гугл мапс“ обезбедува разновидна содржина со слики што ги вклучува оние од јавни, државни и приватни извори, додавајќи дека Гугл нема можност да ги замаглува сателитските слики.
Tražio od gugla da mu bluruje imanje, ao ni odbili a on poslao jasnu poruku JE*ITE SE 😀 pic.twitter.com/aDwSdSfcRR
— pensador (@sakriosamime) February 1, 2021