6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Јужноафриканската мутација на Ковид-19 се појави во Солун

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и претседателот на Националната организација за јавно здравје итно заминаа за Солун по откриен случај на јужноафриканската мутација на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција соопштуваат дека по состанокот одржан денеска со епидемиолозите, било одлучено Хардаљас и Аркуманес да заминат за Солун за да ја оценат ситуацијата.

Станува збор за прв потврден случај во Грција на јужноафриканскиот вид на Ковид-19, додека пак во земјата има 66 случаи на британската мутација, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција објавени во текот на минатата седмица.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести